Една од 1.000 те најголеми Ethereum адреси си даодате над 271 милијарда Shiba Inu токени на својот паричник. Купувачот потроши нешто повеќе од 6 милиони долари.
Според WhaleStats, која ги следи 1.000-те најголеми адреси на Ethereum мрежата, 208-та најголема адреса си додаде Shiba Inu токени вредни над 6 милиони долари, конкретно 271,370,420,624 Shiba Inu токени.
Стапката за горење на Shiba Inu скокна откако беа изгорени над 745 милиони SHIB токени за само 24 часа. Горењето на на SHIB токени е трендинг тема во последните неколку недели, откако тимот што стои зад криптовалутата го објави лансирањето на портал за горење на токените кој треба да и помогне на заедницата да согорува токени во обид да ја намали нејзината циркулација.
Ethereum китовите константно акумулираат SHIB токени. Овој месец, друг кит инвестираше 1 милион долари за да купи 49,6 милијарди SHIB токени, додека претходно оваа година друг кит купи 58,9 милијарди SHIB токени за 1,9 милиони долари.
SHIBArmy особено го очекуваше лансирањето на Shibarium, мрежа со два слоја изградена на врвот на блокчејнот Ethereum наменета за поддршка на екосистемот Shiba Inu. Поставен е да овозможува „брзи трансакции со ниски трошоци оптимизирани за гејминг“.