Три руски тенкови се продаваат на Opensea како NFT и како вистински физички предмети од фармер во Олишивка, во близина на Киев.
Тој дури и постави слика од себе, иако не можеме лесно да ја потврдиме бидејќи нема контакт информации. Исто така утвредно е дека Ethereum адресата која што е поврзана се користи и за копање (рударство) на Ethereum.
Утверено е преку Ethermine, каде обично не се бара никакви информации за рударите. Така што продавачот на текновите како NFT можеше да биде целосно анонимен.
„Секој од моите тенкови се етички набавени, тоа значи дека тие беа напуштени, никој не беше повреден“, вели фармерот пред дополнително да додаде:
„Целата заработка ќе оди директно за рестартирање на нашето земјоделство по завршувањето на војната. Руската армија оштети многу скапа земјоделска опрема во нашата заедница, која е неопходна за снабдување на Украинските домови.
Секој NFT доаѓа со тајни ознаки кои само сопственикот може да ги види, кои ги содржат точните координати каде е скриен текнот, заедно со точните инструкции за пронаоѓање. Повеќе информации може да се најдат на поединечни огласи за секој тенк.
На следниов линк можете да ги разгледате NFT огласите за тенковите.