Kрипто берзата со седиште во САД Coinbase, додава нова функција на Coinbase Wallet extension кој што служи за пристапот до децентрализирани финансии (DeFi) и незаменливи токени (NFT).
На новиот блог пост, директорот за менаџмент на производи од Coinbase, Prakash Hariramani, изјави дека Coinbase Pay ќе им овозможи на инвеститорите да го користат нивниот криптопаричник преку веб-прелистувачот Chrome на Google за да ги заобиколат незгодните чекори потребни за поврзување со услугите на web 3.0.
„Пред Coinbase Pay, корисниците кои сакаа да додадат средства во нивниот Coinbase Wallet (паричник) од екстензијата на пребарувачи требаше да навигираат до coinbase.com, да се пријават на нивната сметка, да ја копираат-залепат адресата на својот паричник и рачно да префрлаат средства од нивната сметка на Coinbase.
Процесот не само што беше тежок, туку и водеже корисниците да прават кориснички грешки. На пример, ако средствата случајно се испратат на погрешна адреса, тие би биле неповратни.
Coinbase Pay го прави процесот побрз, полесен и побезбеден од кога било досега“.