На 31 март 2022 година, парламентот на Европската Унија гласаше за построги регулаторни мерки за крипто трансакциите. Овој потег, кој е дел од поголемата борба против перењето пари и финансискиот криминал, индустријата го гледа како антииновативност и заштита на приватноста.
Нацрт-регулативата вклучуваше три елементи кои треба да донесат еднообразност во регулирањето на крипто-средствата во ЕУ:
- Да има единствена правна рамка за крипто-средства.
- Заштита на потрошувачите и заштита од пазарни манипулации и криминал.
- Вклучувајќи ги и рудниците за крипто-средства во рамките на таксономијата на ЕУ за одржливи активности.
Првите два елементи беа донесени со што тие беа дел од најновата верзија на предложената регулатива. Третиот, кој бараше забрана за крипто валути кои што работат на „proof of work“ систем не не се изгласа и е надвор од предложената регулатива.
Овие мерки би забраниле анонимни крипто трансакции со тоа што ќе ги принудат давателите на услуги, како што се берзите, да собираат информации од поединци за нивните трансакции.
Реакцијата на крипто индустријата кажува се. Brian Armstrong (ко-основач и извршен директор на Coinbase) рече дека овој предлог е против иновациите, заштитата на приватноста и против спроведувањето на законот. Тој, исто така, ја повика индустријата да допре до членките на ЕУ.
Сега ќе се бара од берзите да собираат, складираат и да ги проверуваат информациите за корисниците кои вршат трансакции со self-custody паричници, кои не се нивни клиенти. Исто така сите трансакции над 1000 евра да ги пријават до властите.