DeFi пазарот изгуби над 1,22 милијарди долари во првите три месеци од 2022 година, според извештаите на Immunefi.
Бројката е речиси осум пати поголема од изгубените 154 милиони долари во првиот квартал од 2021 година.
DeFi значително порасна од почетокот на 2021 година, а хакерите продолжуваат да го искористуваат просторот. Новите проекти, со послаби безбедносни ревизии, се главни цели на хакерите.
Immunefi, платформа за bug bounty потврди дека повеќето од хакирања се резултат на лоша безбедност. Тие исто така очекуваат нападите да се зголемат во иднина.
„Треба да очекуваме вакви типови [софистицирани] напади да продолжат да се зголемуваат, бидејќи се повеќе криминални организации градат вештини за хакирање на DeFi маркетите. Понатаму, како што DeFi маркетите се зголемуваат се повеќе и повеќе, ваквите напади стануваат се попрофитабилни“, рече Mitchell Amador, извршен директор и основач на Immunefi.
Најмногу настрада мрежата на Ronin, која изгуби приближно 625 милиони долари при хакирање на крајот на Март. Додека Wormhole мостот на Ethereum и Solana беше втора најголема жртва, губејќи над 320 милиони долари во Февруари.