Љубителите на блокчејн ширум светот продолжуваат со донации за Украина. Вкупните крипто донации на украинската влада, достигнаа до 108 милиони долари на 09.02.2022 година.
Американската берза Kraken, исто така, објави дека ќе донира околу 10 милиони долари за Украинските клиентите кои веќе имаат креирано сметка пред 9 март. Берзата Kraken планира да депонира BTC со вредност од 1.000 долари на своите украински клиенти во првата фаза од исплатата на овој фонд, без оглед на нивното салдо. Берзата, исто така објави дека нема да наплатува такси за трансфер за повлекувања готовина до 1.000 долари од клиентите. Извршниот директор на Kraken, Jesse Powell, во врска со оваа тема изјави:
„Криптовалутите останува важна хуманитарна алатка, особено во време кога многумина повеќе не можат да им веруваат на традиционалните банки ширум светот“.
Kraken CEO, Jesse Powell
Средствата ќе бидат дистрибуирани во текот на оваа година, што значи дека берзата ќе им даде време на украинските клиенти да го завршат процесот на верификација на сметките.
Bored Ape Yacht Club (BAYC) исто така се приклучи на напливот на крипто донации за Украина. Од официјалниот Twitter профил на BAYC е изјавено дека до сега веќе се донирани 1 милион долари од страна корисници со паричници кои содржат екосистем на BAYC NFT. Така што и самите креатори BAYC ќе донираат 1 милион долари.